Со ремито без голови со Болоња екипата на Рома остана без шанси да стигне до четвртото место на табелата, па до крајот на сезоната ќе го брани петтото место кое води во Лига Европа. „Волчицата“ вечерва на „Олимпико“ не успеа да ја совлада Болоња која пред неколку денови го изненади Интер совладувајќи го со 2:1.
Сега римскиот клуб ќе се чува од налетот на Фиорентина и Аталанта кои ќе се обидат да го нападнат неговото место на табелата.
А со ремито на Рома познати се и сите екипи кои ќе играат во ЛШ идната сезона. Па така покрај Милан и Интер кои претходно осигураа пласман, во елитната европска лига ќе играат уште Наполи и Јувентус.