Барселона по голема драма која донесе продолженија и пенали славеше над Киелце и ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Каталонците успеаа да остават смирени, фокусирани во ударите од седум метри и со 5-3 да дојдат до конечна победа од 37-35 и со тоа да станат прва екипа која успеала да го одбрани трофејот на завршниот турнир во Келн.

Тренерот на шпанскиот великан, Антонио Карлос Ортега не можеше да го гледа последниот пенал на Фабрегас, па откако забележа дека се победници почна да трча и се сруши на средината на теренот, едноставно не можеше да ги контролира емоциите, солзите.

Ортега со овој триумф влезе во одбрано друштво, стана еден од ракометните асови кој успеал да ја освои титулата во ЛШ како играч и како тренер.

https://twitter.com/Luismilopez5/status/1538626136254685185?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1538626136254685185%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fne-mozheshe-da-gi-kontrolira-emociite-trenerot-na-barselona-padna-na-kolena-i-se-rasplaka-po-pobedata-vo-keln-video%2F