Во последното коло во Премиерлигата можеби падна најатрактивниот гол оваа сезона, Моисес Каиседо постигна спектакуларен гол од половина терен против Борнмут.
Каиседо минатото лето реши да ја одбие понудата на Ливерпул, и се пресели во Челси, долго време се мачеше со формата, па често беше критикуван неговиот трансфер вреден преку 100 милиони фунти.
Но. фудбалерот од средниот ред сигурно ќе се најде на насловните страни откако против Борнмут погоди атрактивно од половина терен.