Арената „Тодор Проески“ по подолго време беше исполнета, секако, со половина од капацитетот согласно ковид-регулативите, а публиката и даде голема поддршка на фудбалската репрезентација на Македонија. Но, имаше и несовесни гледачи кои со ласер ги попречуаа германските фудбалери во текот на натпреварот.
Тоа медиумите во Германија веднаш го потенцираа и за ова сигурно ќе следи голема парична казна од УЕФА.