Полскиот напаѓач Роберт Левандовски има голема желба да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во Барселона, но неговата идеја не им се допадна на многумина, па затоа на адреса на фудбалерот пристигнаа смртни закани.
Барселона нуди 50 милиони евра за Левандовски, а Баерн сè уште размислува дали да ја прифати понудата, но сите граници биле преминати откако од Минхен пристигнале смртни закани за фудбалерот, кој морал семејството да го остави во Полска и сам да се врати за подготовките во Баерн.
Левандовски игра за баварскиот гигант од 2014 година, па стана и најдобар напаѓач во историјата на клубот и германската Бундеслига.