Германскиот првак Баерн Минхен тргнува во акција за купување на дефанзивецот од Јувентус, Матијс де Лихт. Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ допатува во Торино во нова мисија откако претходно го купи Садио Мане од Ливерпул.
Де Лихт изрази желба да го напушти Јувентус, но италијанскиот клуб побара Баерн Минхен да ја плати отштетната клаузула од 120 милиони евра. Сепак, Салихамиџиќ дојде на преговори и ќе се обиде да ја склучи зделката.