Изминатиот викенд еден од најуспешните македонски џудо клубови, Џудо Клуб ДРИМ Струга учествуваше на меѓународниот натпревар “Трофеј Вршац”.
Во конкуренција од 550 натпреварувачи од 62 клубови од 8 земји Стружани освоија 2 бронзени медали.
Со бронза се закитија Анамарија Стојмиловска и Доријан Петкоски.
Во одлично светло се прикажаа и Мишела Јаулевска и Анастасија Трајческа но не успеаа да стигнат до одличје.
Турнирот во Србија е еден од најквалитетните меѓународни турнири во регионов.