УЕФА, ја одржа ждрепката за осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Во седиштето на УЕФА во Нион беше извршено извлекувањето за првата нокаут рунда на елитното натпреварување.
По комплетирањето на групната фаза веднаш беа познати двата шешири за ждрепката. Веројатно најпосакуван ривал од екипите кои завршија како првопласирани беше Реал Сосиедад. Спротивно на тоа, во вториот шешир чекаа ланскиот вицепрвак Интер, ПСЖ, Наполи…
Наполи на нашиот Ељиф Елмас доби сериозен и силен противник, ќе играат двомеч со Барселона. Атлетико Мадрид и Интер го сочинуваат уште едниот шпанско-италијански двомеч, додека Арсенал, Реал Мадрид, ПСЖ и Сити добија „полесни“ противници.
Осминафиналните парови во Лигата на шампионите:
Порто – Арсенал
Наполи – Барселона
ПСЖ – Реал Сосиедад
Интер – Атлетико Мадрид
ПСВ Ајнтховенд – Борусија Дортмунд
Лацио – Баерн Минхен
Копенхаген – Манчестер Сити
РБ Лајпциг – Реал Мадрид
Првите натпревари ќе се играат на 13 и 14, односно 20 и 21 февруари. Реваншите пак се закажани на 5 и 6 март, односно 12 и 13. Веднаш потоа ќе се одржи и ждрепката која ќе го одреди патот до финалето.
Натпреварот за шампионскиот трофеј се игра на лондонски „Вембли“ на 1 јуни.