Кристијано Роналдо и Лионел Меси до пред три сезони беа синоним за Лигата на шампионите и редовно со своите клубови се бореа за трофејот. Сега работите се менуваат, а и двајцата никако да стигнат до завршницата.

Втора сезона по ред и Кристијано Роналдо и Лионел Меси нема да играат во четвртфиналето во елитното натпреварување. Португалецот вечерва беше елиминиран со Манчестер јунајтед од Атлетико Мадрид, додека Аргентинецот минатата недела со ПСЖ настрада од Реал Мадрид.

Последните три сезони Роналдо најдалеку стига во осминафиналето, бидејќи лани и преклани во оваа фаза беше елиминиран со Јувентус.

Очигледно е дека годините ги стигнаа некогаш најдоминантните фудбалери во светот.