Далас Маверикс победија со 95:92 против Бостон Селтикс, а најдобар играч во победничкиот тим беше Словенецот Лука Дончиќ. Тој постигна 26 поени, осум скока и осум асистенции. Тој како прва ѕвезда на тимот се појави на прес-конференцијата и одговараше на прашања на новинарите, а потоа во еден момент силно му заѕвони мобилниот телефон.
Песната Добро утро никому ја отсвири српската фолк ѕвезда Даре Бубамара, а Дончиќ накратко погледна во мобилниот телефон и им се извини на насобраните новинари.
Одамна е познато дека Дончиќ, кој има српски корени од неговиот татко Саша, сака турбофолк хитови. Дончиќ и претходно слушаше ваква музика со српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ и со тоа стана популарен меѓу љубителите на овој вид музика.