Атлетико Мадрид одигра уште еден брилијантен натпревар, својствен за нив на големите натпревари и на „Олд Трафорд“ славеше минимална победа од 1:0 која беше доволна тимот да се пласира во четвртфиналето од  Лигата на шампионите.

Сите играчи на Чоло Симеоне оставија одличен впечаток, а меѓу нив беше и Родриго Де Пол кој заедно со Коке беа фантастични во средината на теренот.

Аргентинецот посочи дека ги исполниле сите зацртани планови и дека пателе во голем дел од натпреварот, кога требало да се пати, а погодиле кога им се дала прилика.

– Одигравме одличен натпревар. Патевме кога требаше да патиме и „удривме“ на нив кога ни се даде шанса, тука на овој фантастичен стадион против одличен тим.

– Ова беше изедначен натпревар, двата тима имавме шанси. Знаевме дека треба да патиме, но исто знаевме дека ќе добиеме прилика во контра напад, и искористивме една од нив, -изјави Де Пол.