Челзи го победи Норич со 7-0 во деветтото коло од Премиершип, и со оваа победа се зацврсти на првото место.
Водечкиот тим на Премиершип го започна натпреварот многу подобро, па поведе во 8 -та минута откако Жоржињо го пронајде непогрешливиот Мејсон Маунт.
Десет минути подоцна веќе беше 2-0 за Челзи, со голот на Калум Хадсон Одои. До крајот на првото полувреме Челзи постигна уште еден гол, а стрелец беше Рис Џејмс. Мејсон Маунт овој пат беше во улога на асистент.
Четвртиот гол беше дело на Бен Чилвел. Во 62. минута веќе беше 5-0 за Челзи откако Макс Арон си постигна автогол.
Шестиот и седмиот гол ги постигна Мејсон Маунт во 85. минута и 91. минута од натпреварот.
Гостите играа со играч помалку од 65. минута откако Бен Гибсон беше исклучен поради втор жолт картон.