Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најчудниот гол од групната фаза во ракометната Лига на шампиони, која заврши овој месец. Станува збор за многу необичен гол кој падна на натпреварот од групата А меѓу норвешки Елверум и унгарски Пик Сегед.
При резултат 15:15, домашните создадоа вишок на левото крило, од каде што Синдре Хендал шутираше и ја погоди прво десната, а потоа и левата статива. Топката најпрвин како да патува по гол линијата од еден до друг гол, но на крајот се покажа дека е гол.
Топката со целиот обем влезе во голот, а никој не ја виде освен судијата на теренот. Натпреварот заврши со резултат 24:27.