Се уште не е познато кој ќе го носи дресот со број 10 во Барселона, истиот оној што со години беше во сопственост на Лионел Меси.
Шпанските медиуми пишуваат дека десетката му била понудена на Серхио Агуеро, аргентинскиот напаѓач кој пристигна од Манчестер Сити ова лето. Сепак, Агуеро одби и го зеде бројот 19.
“Некој ќе мора да ја земе десетката. Му реков на Агуеро да го земе тој број, но тој е нерешителен”, изјави неодамна Жерар Пике, еден од капитените на Барселона.
Исто така и Филипе Кутињо досега не се изјаснил дали ќе го носи дресот со број 10, Бразилецот кој бројот 14 го презеде Реј Манај на почетокот на сезоната.