Фудбалерките на Радомље го победија Крим со 19:0 во натпреварот од словенечкото првенство. Радомље доминираше во текот на целиот натпревар и лесно ги искористи грешките на противничкиот тим, а кон крајот од мечот направија неспортски потег со кој го понижија противникот со нешто што не е во склад со фер-плејот.
Имено, при корнерот пред самиот крај на натпреварот, голманот на Радомље пристигна во шеснаесетникот на Крим и постигна гол. Доаѓањето на голманот во противничкиот шеснаесетник демонстрираше подбивање и понижување на немоќниот гостин.