Манчестер Сити го победи Атлетико Мадрид со 1-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше белгискиот играч за врска Кевин Де Брујне во 70. минута на асистенција на Фил Фоден. Манчестер Сити доминираше со посед и шанси во текот на целиот натпревар, додека Атлетико се бранеше.
Во првото полувреме Манчестер Сити доминираше со поседот на топката. Гостите најголем дел од времето во својата половина френетично се бранеа. Атлетико на полувреме имаше само 27 проценти од топката, а не упати ниту еден удар кон голот.
Атлетико изгледаше добро на почетокот на првото полувреме, напаѓачите на Симеоне истрчаа во неколку добри контранапади, Љоренте дури успеа да упати удар во рамката од голот, но тоа беше се. Се чини наптреварот се смени со влегувањето на Фил Фоден, кој влезе во игра во 67. минута, а веќе во 70. асистираше за голот на Кевин Де Брујн.
Англискиот репрезентативец асистираше за Де Брујн, кој биеше од 10 метри. Одбраната на Атлетико заспа само за момент и тоа беше доволно Белгиецот да побегне и да постигне гол.
Реваншот ќе се игра за осум дена во Мадрид.