Лајпциг успеа да направи пресврт во дуелот против Фрајбург и триумфираше со 3-1, со што ја зголеми предноста на табелата пред Баерн Минхен. Екипата на Елиф Елмас, кој денеска не доби минути на теренот, сега има три бода повеќе од баварците, кои утре ќе гостуваат кај Бохум.

Фрајбург поведе преку Доан во 15. минута, но Лајпциг го промени текот на натпреварот на почетокот од второто полувреме. Орбан израмни, а Гертруда во 58. минута го донесе пресвртот. Кон крајот на натпреварот, Лоис Опенда постигна гол за потврда на победата.

Во другите натпревари, Аугсбург ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1, а Штутгарт на домашен терен победи со 2-1 против Холштајн Кил. Сент Паули и Волфсбург одиграа без голови.