Спарта Катовице убедливо со 6:0 славеше против Горник Волковице во меч од полската лига. Необичното на овој дуел е што два од шестте погодоци кои беа постигнати, беа директно од корнер.

Шоуто со двата атрактивни погодоци беше за само половина час. Камил Бетковски е играчот кој успеа два пати да погоди од корнер. Првиот пат беше прецизен во осмата минута, а потоа мајсторијата ја повтори во 38 минута.

Двата погодоци може да ги видите на 1.02 минута и на 2.36 минута од видеото.