Многумина фудбалски аналитичари и љубители сметаат дека времето на Мурињо е поминато, но Португалецот не би бил „специјален“ ако не го тврди спротивното.
Мурињо има нов предизвик во својата кариера, откако летово седна на клупата на Рома, и бележи одлични резултати во новата сезона на Сериа А. Низ кариерата бележеше одлични резултати со Порто, Интер, Челзи, Реал Мадрид.., но во последните години не може да се пофали со тоа. Сепак, тој тврди дека сега е далеку подобар од минатото.
„Ова не е проект на Фридкин, ова не е проект на Тиаго Пинто, ова не е проект на Мурињо, ова е проект на Рома. Ги познавам навивачите овде, го знам плоштадот, па ако мислите дека овој проект е за мене да дојдам денес и утре да почнам да победувам, се лажете. Со овој проект, сопствениците сакаат да остават трага, сакаат да направат нешто важно за клубот што ќе трае со текот на времето. Сакаме Рома да успее во иднина. Сега сум многу подобар тренер отколку порано. Сериозен сум. Чувствувам дека се развив, бидејќи искуството е од големо значење во нашата професија“, вели Мурињо.
Португалецот новата авантура со Рома ја започна одлично. Тимот обезбеди групна фаза во Конференциската лига, а во Серија А има два триумфи во две кола со 7:1 гол разлика.