Напаѓачот потпиша за овој тим во финишот на летниот преоден рок во моментите кога дојде на прозивката во репрезентацијата па не беше промовиран пред данската јавност. Денеска тој позираше до дресот на „црвено-белите“ и веднаш го одработи и првиот тренинг.
Трајковски во Алборг ќе игра на едногодишна позајмица од Мајорка. Изминативе две сезони нашиот репрезентативец не добиваше многу минутажа во дресот на шпанскиот клуб. Претходно играше за Палермо (Италија) и Зулте Варегем и Мехелен (Белгија), како и Интер Запрешиќ (Хрватска).