Ракометарките на Македонија до 20 години ќе играат за 15. место на Светското првенство за младинки кое се одржува во Скопје, по поразот во натпреварот против Јужна Кореја (34-19).
Оваа генерација на Корејките беше шампионска во Скопје пред две години, но на младинскиот шампионат не го покажа целосниот потенцијал и влезе во разигрувањето. Во натпреварот со Македонија, Азиската селекција беше доминантна и заслужено дојде до победа во СЦ „Борис Трајковски“.
Најдобар стрелец кај Македонија на овој натпревар беше Борјана Коцева со шест гола, пред Емилијана Ризоска со три гола, додека кај Корејките, Јиа Ким даде осум, а Хјевон Ли постигна шест гола.
Во разигрување за пласман и во последниот меч на СП У20, Македонија ќе игра против Кина. Дуелот се игра утре (петок) со почеток од 15:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.