Машката ракометна репрезентација вечерва (20:15 часот) го игра четвртиот натпревар на Медитеранските Игри. По поразот од Шпанија прв во Оран, избраниците на Кирил Лазаров ќе се сретнат со селекцијата на Турција, меч кој мора да се добие за да останат во игра за второто место во групата.

Во полуфиналето, Македонија ќе влезе само со триумф над Турција на денешната средба и убедлив пораз на турците од Шпанија, меч кој се игра утре. Секое спротивно сценарио ќе значи дека на Медитеранските Игри ќе се бориме за петтото место.

Денеска играат и ракометарките. Тие ќе се сретнат со селекцијата на Србија по поразот од Турција.