Ватерполо репрезентацијата на Италија славеше против Грција во драматичен меч со 11-10, па така се пласира во финале на Светското првенство во Будимпешта.
Италијанските ватерполисти ќе имаат шанса да ја освојат петтата титула. Тие се актуелни шампиони, откако пред три години во Јужна Кореја ја совладаа Шпанија во финалето.
Противник во финалето ќе им биде подобриот од мечот меѓу Хрватска и Шпанија.