Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров на денешниот натпревар во Сегедин против Пик Сегед влезе во одбрано друштво во Лигата на шампионите.
Русинот против Пик Сегед постигна седум погодоци и стигна до бројката од 1004 погодоци постигнати во Лигата на шампионите.
Најголем дел од нив Дибиров ги постигна во дресот на Вардар со кого два пати се искачуваше и на самиот врв на најелитното европско ракометно натпреварување.
Русинот стана само четвртиот ракометар со вакво достигнување пред нашиот Кире Лазарв кој е убедливо на врвот по бројот на постигнати голови, па Никола Карабатиќ и Момир Илиќ.