Холандскиот гигант Ајакс ќе го засили својот тим со Лукас Окампос. Арентинскиот играч за врска од 2019 година е член на Севилја и во Ла Лига одигра 100 натпревари, а постигна 25 гола. Тој треба да го засили офанзивниот дел од тимот по заминувањето на Антони во Манчестер Јунајтед.

Раководството на Ајакс планира да го врати на позајмица и крилниот играч Хаким Зијеч од Челси. Тој токму од Амстердам замина во Лондон, но не се снајде најдобро на „Стемфорд бриџ“.