Францускиот интернационалец Осман Дембеле одлучил да ја напушти Барселона и ќе се пресели во Пари Сен Жермен како слободен агент, пишува „АС“. 24-годишниот Французин ја отфрли најновата понуда за договор со Барселона и планира да ја напушти Каталонија по 30 јуни, а неговата најверојатна дестинација е „Паркот на принцовите“ во Париз.