Ремито на Барсeлона со Интер минатата недела ги врати kаталонците во Лига Европа втора последователна сезона. Роберт Левандовски ги замоли навивачите на Барселона да останат трпеливи и да му веруваат на процесот на реновирање на тимот и на целиот клуб.
„Очигледно не сум среќен, Барселона треба да биде во осминафиналето. Но, пред да дојдам во Барса, веќе бев свесен дека првата сезона дефинитивно може да биде потешка. Ние сме во процес на реновирање на тимот за што е потребно време, мора да бидеме трпеливи. Сигурен сум дека овие падови ќе не натераат да растеме како тим и дека се ќе биде поинаку следната сезона. Се развиваме. Не очекував дека се ќе оди добро во првата сезона“, изјави напаѓачот на Барселона.
Тренерот Чави ќе му даде одмор на Левандовски на претстојниот меч против Плзен во Лигата на шампионите, кој нема големо резултатско значење.