Очекувано, официјалната потврда и соопштение стигна од Манчестер Јунајтед , aктуелниот тренер на Ајакс Ерик Тен Хаг на крајот од сезоната ќе го преземе англискиот великан .
По неколкунеделни наводи и пишувања на англиските медиуми дека Ерик Тен Хаг ќе стане нов тренер на Манчестер Јунајтед, тоа конечно и официјално го потврди англискиот великан.
Холанѓанецот на клупата на Јунајтед ќе седне по завршувањето на оваа сезона, а договорот е потпишан на три години – до 2025 година, со опција за продолжување на уште една. Причините за изборот на Тен Хаг ги објасни спортскиот директор Џон Муртоу.
„Во последните четири години во Ајакс, Ерик се покажа како еден од највозбудливите и најуспешните тренери во Европа. Тој е познат по својот атрактивен и напаѓачки фудбал, како и по посветеноста на младите играчи“, рече тој.
Најголемиот успех во кариерата на Тен Хаг е секако полуфиналето во Лигата на шампионите со Ајакс, а сега Јунајтед ќе се обиде да го врати на старите патеки. Наводите за време на преговорите велеа дека Холанѓанецот барал влијание за реконструкција на тимот и право на глас во трансферите.
„Голема чест е да го тренирам Јунајтед и многу сум возбуден поради предизвикот. Ја знам историјата на овој голем клуб и страста на навивачите и целосно сум решен да развијам тим кој може да донесе успех каков што клубот заслужува. “ изјави Холанѓанецот..