Српските кошаркарки рано утринава го победија Мали со 81:68 на Светското првенство во Австралија.
По натпреварот се случи неверојатен инцидент во микс зоната, додека српската репрезентативка Саша Чаѓо даваше изјава за медиумите.
Две кошаркарки на Мали се степаа. Остатокот од тимот се обиде да ги раздвои, но не им беше лесно бидејќи беа во жесток клинч.
Мали ги претрпе сите четири порази во групата Б.