На меѓународната веслачка регата која изминатиов викенд се одржа во Пловдив , Бугарија учествуваше и веслачкиот клуб Црн Дрим од Струга.
Нашите млади веслачи во силна конкуренција постигнаа постигнаа одлични резултати .
-Климентина Стојмиловска го освои првото место во дисциплината скиф за кадетки
-Елена Столеска го освои второто место во дисциплината скиф за јуниорки
-Ана Прентоска заврши како трета , а Евгенија Грданоска како осма во трката скиф за пионерки
-Андреј Симоновиќ и Цвете Димоски го освоија третото место во дисциплината дубл за пионери , а Леон Шутиноски и Александар Хиохи завршија како четврти .
-Никола Мариноски и Владимир Голабоски го освоија петтото место во дисциплината дубл за јуниори
-Кристијан Китаноски во дисциплината скиф за кадети го освои четвртото место
-Вања Кукунеш заврши на шестото место во дисциплината скиф за пионери
Струшките веслачи ги предводеше тренерот Марјан Влаќески , а специјано признание доби претседателот на ВФМ , Здравко Голабоски за долгогодишната успешна соработка меѓу ВК Тракија Пловдив и ВК Црн Дрим Струга .