Грузија го освои првото место во групата во Лигата Ц и дури седум фудбалери се најдоа во идеалниот тим. По двајца фудбалери има и од Македонија и од Бугарија. Гибралтар нема свој претставник во најдобриот тим.
Најдобри оценки за настапот во годинашното издание во Лигата на нации од македонските репрезентативци добија Енис Барди и Дарко Чурлинов.
Македонија заврши на третото место во групата, со две победи над Гибралтар, едно реми против Бугарија во Разград и три порази.