Кошаркарите на Милвоки славеа над Денвер со 120:109.

Ова е шести последователен пораз за Нагетс, а српскиот кошаркар не беше во можност да им помогне на соиграчите на паркетот. Натпреварот го следеше од трибините бидејќи e повреден.

Шампионот до победата го предводеше Јанис Антетокумбо со 24 поени и 13 скока, а во тимот на Денвер подобар од останатите беше Арон Гордон со 18 поени.

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс одигра многу ефикасен натпревар и постигна 137 поени против Сакраменто Кингс но тоа не беше доволно за победа. Загуби по продолженија со 137:141.

Џејмс постигна 30 поени а Расел Вестбруг оствари трипл дабл од 29 поени 10 скока и 11 асистенции. На спротивната страна дури 7 играчи беа двоцифрени а најдобар учинок имаше Де Арон Фокс кој реализира 34 поени на оваа средба.