Олимпик Марсеј оствари убедлива победа од 3-0 на гостувањето кај Анже во рамки на 9.коло по кое се искачи на врвот на табелата во Лига 1.
Десниот бек Жонатан Клаус беше играч на натпреварот, бидејќи постигна еден гол, а асистираше за два. Францускиот репрезентативец погоди во 35.минута за 0-1. Потоа во второто полувреме асистираше два пати во девет минути (50-та и 59-та) за Луис Суарез и Жерсон за конечни 0-3.
Марсеј сега привремено е лидер на табелата со 23 бодови, еден повеќе од ПСЖ, кој утре ја пречекува Ница.