Како што беше најавено, Дони Ван де Бек замина на шестмесечна позајмица во Евертон.
Холанѓанецот беше меѓу два огна, со оглед на тоа што и Кристал Палас и Евертон испратија понуди до Јунајтед, но на крајот се одлучи за „карамелите“.
Тимот од Гудисон доби нов тренер Френк Лампард, а со него доаѓа и играчот за врска на Манчестер. Неговата плата ќе биде покриена до јуни, без опција за откуп, бидејќи Јунајтед не сака да се откаже од играчот додека не дојде нов тренер, кој ќе ја реши неговата судбина.