Ако првиот меч имаше фактор на изненадување за Данците, сега Вардар ја загуби таа привилегија. Подготвени и со скроена против-игра аспирантите за Ф4 ќе атакуваат на два бода со својата препознатлив скандинавски ракомет. И пред мечот во Скопје и сега, пред реваншот, Вујовиќ апелираше да не се влезе во нивната машина со многу трчање, бидејќи тоа е однапред загубена битка.
За тој натпревар тренерот Арнор Атласон го имаше и Арон Палмарсон, првата ѕвезда во екипата, која се мачеше со повреда во септември. Придонесе со два гола, но сигурно ќе личи се повеќе на себеси од натпревар во натпревар, па можеби уште вечерва со Вардар ќе биде главното оружје на Алборг. Кај Вардар недостасува Борко Ристовски, поради здравствени проблеми, па затоа Али Сафар доби шанса.
Пред овој меч Вардар се наоѓа на петтата позиција во групата А, со пет бода, Алборг заедно со Кил го делат првото но има само еден бод повеќе, што потврдува дека конкуренцијата во оваа група е жестока.