Тимур Дибиров во Вардар дојде кога почна да се создава моќниот македонски ракометен првак, беше еден од темелите на клубот, кој во 2017 и 2019 година стигна до две европски титули и доминираше во македонскиот ракомет, но сега левото крило заминува како еден од последните што останаа од шампионските генерации кои ја покорија Европа.
„Оваа сезона е моја последна во дресот на Вардар. За жал овој меч со Веспрем во Скопје беше мој последен во Лигата на шампионите и најмногу што би сакал е во Битола да победиме, да ја освоиме титулата и така да се збогувам со Вардар. Ова е моја одлука!
Мој план беше следната сезона да ми е последна, некаде на средина да објавам дека се повлекувам. Не е проблем во парите, ниту зборувам дека не сум добил договор, едноставно…“, рече Дибиров во интервју за „Само Ракомет“.
Дибиров е еден од најдобрите стрелци во историјата на Лигата на шампионите со над 1.000 голови, остварување кое го имаат малкумина во европскиот ракомет.