Македонската ракометна репрезентација го оствари седмиот пласман во низа на Европските првенства, вкупно осми во својата историја, откако во последниот квалификациски меч на домашен терен против Турција победи со 30-27 (15-15) во неизвесен натпревар. Противникот очекувано дојде на победа и храбро се бореше, му зависеше пласманот на ЕП, за кој ќе чека следна шанса.
Мартин Томовски со 16 одбрани беше најдобар во нашиот состав. Митев и Пешевски со по пет гола беа лидери кај нас. Гоце Георгиевски на последниот меч во националниот дрес постигна два гола.
Во првото полувреме на моменти избраниците на Лазаров покажуваа зошто се фаворити, но имаше и минути кога темпото паѓаше па противникот, лесно се враќаше од негатива.
Ѓоргиев го отвори мечот (1-0), во меѓувреме Јагуриноски и Петар Атанасијевиќ не реализира од чиста ситуација, па Турција поведе со 1-2. Македонската репрезентација се разбуди, со серија од 5-1 поведе со 6-3 во 12 минута.
Три минути подоцна Кузмановски со вториот гол од седум метри зголеми на 9-5, Македонија водеше и со 10-6. Во 22. минута, се повреди Филип Кузмановски при незгоден доскок. Станува збор за скочниот зглоб, мораше да биде изнесен на носилки. Оваа ситуација како да се одрази врз останатите, па Турција израмни на 13-13. Талески и Серафимов зголемија на 15-13, но гостите израмнија на 15-15 на одморот.
Ѓорѓиев и Митев намалија на 19-20, но Турција не само што доминираше туку и поведе со 20-24 на средината на второто полувреме. И конечно вистински минути на Македонија и израмнување на 24-24 во 50. минута, со два гола на Пешевски, еден на Ѓоргиев и Јагуриноски и неколку одбрани на Томовски.
Тука натпреварот влезе во неизвесна завршница, во која Петар Атанасијевиќ и Митев по долго време го вратија водството 27-25. Турција не го издржи притисокот, Македонија зголеми на 29-26 благодарение на Митев, кој се покажа како џокер на овој меч. Ова беше крајот на сите надежи на гостите, а причина за славење на нашите ракометари.