Денвер го загуби натпреварот со Филаделфија од НБА лигата, а резултатот остана во сенка на потегот на домашниот тренер Мајк Мелоун.
Незадоволен од одлуките на судиите, Мелоун влета на теренот и сакаше да се пресмета со еден од арбитрите на натпреварот, а Никола Јокиќ успеа да го задржи и да спречи поголем инцидент.
Самиот Јокиќ постигна 30 поени на оваа средба, но тоа не беше доволно за победа на Нагетс.
Голден Стејт оствари победа на гостувањето кај Кливленд (89:104), а Стеф Кари вообичаено беше најдобар реализатор со 40 поени.
Кливленд – Голден Стејт 89:104
Мајами – Вашингтон 112:97
Мемфис – Л.А Клиперс 120:108
Минесота – Сан Антонио 115:90
Денвер – Филаделфија 89:103
Јута – Торонто 119:103