Роберто Манчини, селекторот на Италија, истакнува дека размислува само за репрезентацијата на Македонија со која ќе ги одмери силите во првиот натпревар од баражот за Светското првенство во Катар.
Актуелните европски шампиони не успеаја директно да изберат место на најголемата ревија на планетарен фудбал, па сега ќе треба да врзат два триумфа за да стигнат до Катар.
„Мислам дека се опуштивме со титулата европски првак. Затоа не се снајдовме најдобро во финалето од квалификациите за СП. Сепак, шансата сè уште постои и јас сум оптимист. Прво треба само да се фокусираме на дуелот со Македонија и верувам дека ќе одиме во Катар“ , рече Манчини.
Така не мислат македонските фудбалски репрезентативци и доколку Македонија успее да ја совлада Италија на мечот што ќе се одигра на 24 март 2022 година во Палермо, во решавачкиот меч, нашите репрезентативци ќе ги одмерат силите со подобриот од дуелот Португалија – Турција.