Легендарниот германски голман Оливер Кан, извршен директор на Баерн, пред неколку часа навести дека Баерн не планира да го доведе Ерлинг Халанд и дека сака да ги потроши парите што ги има во јануари на играч кој соодветно ќе го замени Кингсли Коман, кој навести дека тој сака да ја напушти Баварија.
Коман и Баерн не успеаја да се договорат за продолжување на договорот. Преговорите траат веќе неколку месеци, а францускиот репрезентативец не ја прифати првата понуда што му ја упати германскиот шампион. Шпански АС пишува дека ПСЖ сака Коман да се врати на Паркот на Принцовите, каде ја започна сениорската кариера, а одличното крило исто така наводно нема ништо против да се врати во Франција.
Баерн е свесен дека Коман може да си замине и сака да обезбеди врвна замена. Бразилскиот ТНТ Спортс денеска објави бомбастична ексклузива дека во Баерн доаѓа фантастичниот Бразилец од Лидс Рафиња и дека баварскиот клуб за него веќе подготвил 50 милиони евра.
Рафиња со одличните игри во Премиер лигата избори пласман во бразилската репрезентација, а Баерн гледа можност во тоа што Лидс е во серија порази и што 25-годишниот Бразилец сака да игра во многу посилен клуб.
Бразилецот оваа сезона одигра 16 првенствени натпревари за Лидс. Има постигнато осум гола и има една асистенција.