Новак Ѓоковиќ утрово го совлада Американецот Тејлор Фриц (7-6, 4-6, 6-2, 6-3) и се пласира во 48-то гренслем-полуфинале, додека на Австралија опен секој пласман меѓу четворицата најдобри значеше и победнички трофеј на крајот.
За Србинот ова беше 33. победа по ред на турнирот во Мелбурн, со што го изедначи рекордот на Моника Селеш остварен пред повеќе од три децении. Двајцата се родени во радиус од 100 километри, со оглед што популарниот Ноле е од Белград, додека легендарната тенисерка е од Нови Сад.
Ѓоковиќ со овој триумф го продолжува патот кон 25. гренслем-титула, како и кон 11. трофеј на Австралија опен.