Истанбулспор му ги расипа плановите на фаворизираниот Фенербахче и успеа да извлече бод во исклучително интересен натпревар, кој на крајот завршинерешено 3:3.
Домаќинот поведе со 2:0 со головите на Гулер, но потоа на сцена стапи Етеми кој постигна два гола и израмни на 2:2 од 57-та до 66-та минута.
Македонскиот голгетер најпрво ја презема одговорноста и го изведе пеналот за враќање во игра, а потоа имаше и доста среќа и со помош на противникот ја затресе мрежата по вторпат.
Фенербахче повторно дојде во водство со 3:2 со голот на Педро, но Езе израмни на 3:3 во 96-та минута и ги шокираше Џани Алиоски и неговите соиграчи од Фенербахче (македонскиот бек го одигра целиот натпревар).