Македонската женска фудбалска репрезентација ја оствари првата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство што во 2023 година се игра во Австралија и Нов Зеланд.
Избраничките на Кирил Изов славеа над Летонија во Рига со убедливи 4-1.
Капитенот Наташа Андонава беше двоен стрелец во 28 и 63 минута (пенал), а прецизни исто така беа Рочи и Максути. Единствениот погодок за домаќинките беше дело на Баличева во 30 минута.
Следниот меч за сениорките е против Луксембург на 26 октомври во Охрид што е уште една добра прилика за добра партија и нови три бода.