Рома која дојде со фаворитска улога и со максимален ефект од шест бода по првите две кола, доживеа таков срам кој силно ќе ги пече сите во „вечниот град“, а посебно Мурињо откако Бран ја наполни нивната мрежа и тоа со три гола во завршните 20 од мечот, кога беше јасно дека римјаните ќе го загубат мечот.
Ерик Ботхеим постигна хет-трик, најавувајќи ја победата во осмата минута, а потоа со уште два гола во 52-та и 89-та, а Берг (20.), Солбакен (71.) и Пелегрино (78.) додадоа уште три гола во победата за паметење на Бран, кој сега со седум бода е прв, бод повеќе од Рома.