Американецот Себастијан Корда го приреди најголемото изненадување на првиот ден од Австралија Опен.
Дебитантот во главниот ждреб на Мелбурн во три сета го елиминира 12-от носител Камерон Нори.
На Корди му требаа помалку од два часа за да гo победи Британeцot со 6:3, 6:0, 6:4.
Американецот во второто коло го чека подобриот од дуелот на двајца Французи, Корентан Муте и Лука Пуј.
Шпанецот Пабло Карењо-Буста беше сигурен во три сета против Ечеверија, додека Адријан Манарино одигра пет сета за триумф против Дакворт.