Од софискиот тим пронајдоа намера во начинот на кој нашите судии ја делеле правдата на средбата во Брисел, односно нивна желба да се исмејат со клубот, но и со Бугарија.
„Уште не можам да го рaзберам тоа што се случи. Не сум можел да замислам дека на европски меч може да има вакви судии. Ова денеска не беше потсмевање, не беше криминал, едноставно нема таков збор во речникот. Среде Белгија, во центарот на Европа, дојде бригада од Македонија и се исмеа со трудот на момчињата, со нашиот труд, со нашата држава и со бугарскиот фудбал во целина“, изјави тренерот на ЦСКА, Румен Трифонов за „БТА“.
Тој на македонските судии им забележува за двата црвени картона за неговите фудбалери, доделени со по два жолти картони еден по друг, како и за двата пенала за домаќинот. Реваншот е на 6 ноември во Софија.