Екипата на шпанскиот минатогодишен хит, Џирона забележа болен пораз од фаворитот Пари Сен Жермен во првиот историски меч во Лигата на шампионите.
Избраниците на Мичел беа на добар пат да направат изненадување на „Паркот на принцовите“, да дојдат до голем резултат и бод без примен гол, но во 90 минута примија гол по катастрофалната реакција на голманот Газанига.
Бекот Мендеш уфрли топка која на крајот низ нозете на Аргентинецот заврши во мрежата за голема победа на домаќините од 1-0.
Нашиот репрезентативец Бојан Миовски не доби шанса за настап, поточно не доби ни минута како и на пресметката со Барселона во Примера.
Манчестер Сити и Интер во еден борбен меч ги поделија бодовите играјќи 0-0. „Граѓаните“ немаа соодветно решение за одбраната на калчолигашот и на крајот мораа да се задоволат со бод иако важеа за фаворити на дуелот.