Хрватскиот шампион Динамо Загреб со празни раце си заминува од Салцбург, откако загуби со 0-1 во третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).
Првото полувреме помина израмнето со по неколку шанси на двете страни, по што Салцбург ја презеде контролата во вториот дел и конечно ја затресе мрежата на хрватскиот првак од пенал во 71. минута преку Окафор.
Во самата завршница од дуелот Дрмиќ погоди за 1-1, но сепак голот му беше поништен поради недозволена ситуација, па така Динамо го запиша вториот пораз во групната фаза.
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми одигра цел натпревар за Динамо, додека Стефан Ристовски остана на клупата за резервни играчи.
Салбург е прв на табелата со пет бода, по што следи Милан со четири, Динамо има три, а последен е Челси со само еден бод.
Лајпциг успеа да го совлада Селтик со 3-1, а головите за победа ги постигнаа Нкунку и Силва кој двапати се запиша во листата на стрелци, додека на спротивната страна Жота постигна гол за Селтик.