Русите често знаат да ги организираат најбизарните можни борби, а неодамна се одржа една необична и траеше само 15 секунди.
Беше организиран боксерски меч меѓу 178 килограми тешкашот Денис Вилданов, познат како Големиот тато и 70 килограми полесниот Макс Шчербаков.
Ова беше реприза од минатогодишната борба кога Вилданов славеше со нокаут во првата рунда, а интересно е што тогаш беше уште потежок, имаше дури 200 килограми.
Една година подоцна Вилданов е послаб, но овојпат килограмите не му помогнаа. Првиот удар во главата го беше фатален и заврши на подот од кој повеќе не стана.