Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 10 поени во вечерашната победа на неговиот тим Валенсија против екипата на Обрадоиро во шпанската Лига Ендеса.

Валенсија на домашен терен славеше со 91:71, а Димитријевиќ за 16 минути постигна 10 поени со шут 4/7 за два, 2/2 од линијата за слободни фрлања. Додаде уште три асистенции и два скокови.

Валенсија стигна до осмата победа за пласман на 5. позиција на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore